Редовни оброци за пензионери, компании и немоќни лица.

КУЛИНАР нуди месечни претплати за храна за сите кои имаат потреба од редовни, практични и квалитетни оброци. Оваа услуга е погодна за пензионери, компании, семејства кои се грижат за немоќни лица, како и за лица кои сакаат организирано решение за секојдневна исхрана.

За пензионери

Редовните оброци за пензионери се практично решение за лица кои сакаат сигурна и организирана исхрана без секојдневна подготовка. Менито и начинот на достава може да се договорат според потребите.

За компании

КУЛИНАР може да подготвува оброци за компании и вработени, погодни за дневна исхрана, пауза или организиран ручек. Ова е практично решение за фирми кои сакаат да обезбедат редовна храна за својот тим.

За немоќни лица

За лица на кои им е потребна дополнителна грижа и поддршка, КУЛИНАР нуди можност за редовни оброци по договор. Услугата може да биде корисна за семејства кои сакаат да обезбедат сигурна исхрана за своите блиски.

МЕСЕЧНИ ПРЕТПЛАТИ за пензионери и немоќни лица со бесплатна достава до вашата врата

МЕСЕЧНИ ПРЕТПЛАТИ

Наскоро, ќе вршиме достава и до околните села околу Струмица!

Цена: 150 ден до куќа, или 170 денари до зграда

Мени 1

Мени 2

Понеделник

  • Грашок или боранија со месо
  • Сезонска салата

Вторник

  • Копани 2 бр. или пилешки гулаш со ориз
  • Пилешка супа

Среда

  • Свинско печење со пире сос или ќофтиња 2 бр. со пире
  • Сезонска салата
  • Десерт

Четврток

  • Свински гулаш или свински мускул со макарони
  • Телешка супа

Петок

  • Гравче со плескавица
  • Сезонска салата

Сабота

  • Полнети пиперки со ориз со доматен сос или Македонска јанија со месо
  • Крем супа

Понеделник

  • Зелка со свинско или риба со печен компир
  • Сезонска салата

Вторник

  • Печен стек со ориз или копани 2 бр. со ориз
  • Пилешка супа

Среда

  • Телешки гулаш со фисули или пилешко во сос со шпагети
  • Сезонска салата
  • Десерт

Четврток

  • Свински мускул со пире сос или плескавица со пире
  • Телешка супа

Петок

  • Грав со колбас
  • Сезонска салата

Сабота

  • Сарма со доматен сос или мусака од компир и мелено месо
  • Крем супа

Побарајте понуда

Кажете ни каква прослава подготвувате, колку гости очекувате и каква храна сакате. Ние ќе ви предложиме мени и опрема според вашите потреби.

Телефони:
077/766-940
070/675-186