ТРАДИЦИЈА

22 години вкус, искуство и грижа за вашата трпеза.

ЗА КУЛИНАР

КУЛИНАР веќе 22 години се грижи за трпезите, прославите и секојдневните потреби на своите клиенти. Нашата работа не е само подготовка на храна, туку создавање практично решение кое им помага на луѓето полесно да организираат важни моменти и секојдневни обврски.

Низ годините сме биле дел од свадби, родендени, домашни слави, семејни веселби и различни приватни настани. Покрај тоа, нашата понуда вклучува и мени за помени, како и месечни претплати за храна за пензионери, компании и немоќни лица.

Со ова, КУЛИНАР е повеќе од кетеринг – ние сме партнер за храна, организација и грижа.

Нашата мисија

Нашата мисија е да понудиме квалитетна, вкусна и навремено подготвена храна за секоја прилика – од свечени прослави до секојдневна исхрана. Сакаме клиентите да добијат сигурна услуга, јасна комуникација и храна која ќе остави добар впечаток.

Нашите вредности

  • Квалитетна подготовка
  • Навремена услуга
  • Одговорност кон клиентот
  • Почит кон секоја пригода
  • Прилагодување според потребите
  • Долгогодишно искуство

Зошто КУЛИНАР?

22 години искуство

Повеќе од две децении се грижиме за храна, трпези, прослави и секојдневни потреби на нашите клиенти.

Повеќе услуги на едно место

Кетеринг, мени за помени, месечни оброци, специјалитети и опрема за настани.

Прилагодени менија

Понудата може да се прилагоди според бројот на лица, типот на настан и потребите на клиентот.

Практичност и сигурност

Вие кажувате што ви треба, а ние ви помагаме со соодветно решение.

Вкусна и уредна храна

Секој оброк и секоја трпеза се подготвуваат со внимание, квалитет и грижа за деталите.

Компанијата за производство и дистрибуција на храна КУЛИНАР поседува HACCP (НАССР) сертификат, кој гарантира дека сите процеси на подготовка, складирање и дистрибуција на храната се спроведуваат според највисоките стандарди за безбедност и квалитет. Со примената на HACCP системот, КУЛИНАР обезбедува сигурни, безбедни и квалитетни производи за своите потрошувачи.